​Во посветата на книгата “Перформансите на Широк Сокак” пишува „На оној дел од патот каде што запрев јас, аманет е мој да продолжиш ти“. Со ова Димитар Димитровски Такецо ги обврза битолчани да продолжат со истражувања и пишувања за градот.

Кога некој ќе остави нешто зад себе, тој со тоа ќе биде пример за сите нас, ќе биди пример како и колку еден вистински битолчанец си ја сакал нашата Битола. Со тоа тој останува вечен засекогаш, вечен се дури тоа не избледее и се направи како прашина…

Затоа битолчани тука сме сите заедно да го продолжиме аманетот и да продолжиме за нашата Битола …

Книгата “Перформансите на Широк Сокак” може да се најди во печатница Графопром, уличката позади пожарната.