Денес сабајле по навика почнав да размислувам со кој сакам да го испијам утринското кафе. Видов дека е 31ви. Посакав да си тука во Битола и ете така со тебе да го почниме денот, твојот ден. Знаеш Златко ( Стерјовски) пред 22 години се роди и ете повеќе од 16 години сум стоплен од твојата добрина, исполнет од твојата насмевка, и просветлен од твоите муабети. Ете и денес како и многу други години не сме заедно на твојот роденден и такви се околностите ама ете и денес сум среќен дека за некое време ќе дојди ново утро и ќе го почниме заедно денот како некогаш. Го знаеш она: и на некој километар од мене и пола свет од мене секогаш ќе ми си брат. Се надевам седиш некаде и го читаш ова и ќе се насмееш и цел останат ден ќе се смееш оти ете баш денес случајно ти е роденден. Ти посакувам да ти е среќен и пак истото ти го кажувам остани каков шо си, совршен си..

 Те сакам <3

ФБ статус на Филип Талев, не бендиса искрено. Поздрав до двајцата…