Боречката академија „За Нед До“ со нов голем успех се враќа од еден светски шампионат. Македонскиот тим изминатиов викенд учествуваше на Светското првенство во Сер, Грција, а оттаму се враќа со дури 14 медали.

На настанот со свои национални тимови учество имаа 16 држави со над 1.000 натпреварувачи, а „За Нед До“ се натпреваруваше во три категори (кик бокс – самоодбрана и музички форми со традиционално оружје) и освои 14 медали – 9 златни, 4 сребрени и 1 бронзена.

Шампионатот беше во организација на Светската федерација за боречки вештини, со поддршка од Грчката федерација за боречки вештини и градот Сер.

Извор Гол. мк