Сите во нашиот живот си имаме по некој супер херој, дали од детството, од цртаните, од филмовите на кино и слично. Но ние генерациите од Техничко посебно Електро и Автоматика смеровите мора заедно да се согласиме дека за наш најголем супер-херој си го имаме професорот Јани Сервини

Професор кој е пример за сите професори на светот…

Најдобар, највесел, најпаметен, со најнеобичен и несекојдневен стил, најшармантен, маж и пол, мажиште…

Полн со знаење. Не каснеше многу на часовите, доаѓаше на време, многу пати и разбушавен во фризурата.

Кога учевме навистина учевме, кога се смеевме, сите заедно со него се смеевме.

Прецизен во годење со креда тогаш кога некој од нас “не беше со сите на час” или нешто “драпаше”. Снајперска прецизност 100%-тна.

Другар над другарите, професор над професорите, на крајот и оценка плус не частеше.

Можеби си велите: “Шо му е на децава …!?

 Дали нешто слават…!?

 Шо слават …!?“ 

Јани: “Нормално дека славиме! Го славиме моментот, го славиме секој ден од животот бидејќи сме заедно, живи и здрави .. Ведри и расположени …”

Другото нека биди од вас раскажано, од нас ете така јавно да му се заблагодариме и да го поздравиме…

Ликовите на фотографиите се вистински, и повеќе од 20 години…

Завршуваме со омилената парола на професорот Learn or die…!