Секој Велигден иста песна. И оваа година, по радијава ќе врти хитот на Џокси. Да водеше чоеко дневник ќе можеше да навези некој ред, за тоа колку пати врнело за Велигден, дали тој се поклопил со Први Мај, за тоа колку крастајците и доматите поскапија и дали оваа година ќе се тегне јагне на трпезата или ќе го јадиме ден или два покасно, кога ќе му падни цената. Од оние шо ќе му останат и нема да ги шитнат за празникот. Ние караме по продавачите. А сите тие се прекупци. Целио крем го земаат двајца или тројца кои се главни снабдувачи на пазарџиите. Јагнето за Велигден и костенот за Бадник се ореолот на нашата вера и на нашата човечка рамка. Богатење и печалење поврзано со религија. Си умираме така одвнатре а никој не се збогати од ценовниот шок шо ни го принесуваат пред празникот над празниците.
Христос ќе воскресне секако, а ние? Не верувам. Бар не во догледно време. Ќе си трчаме уште долго по вкусот на колбасо, наместо да пробаме да ги смениме нашите човечки стандарди. Државната администрација слободна 4 дена. Работникот ќе се килави и понатаму без да му се плати викенд и празник а синдикалците ќе се сликаат со окезените министри. Каснете и вие колбавче омрсете го мустако. Да не отиде празников фира, долга ви е борбата во текот на годината.
Невестите ги извапцаа своите први јајца и ги шернаа на ФБ. За да не му ставиме минус, а станвале во 4 сабајле. Комерцијализацијата на празникот го направи црвеното јајце да пошарени. Лушпи од кромид и разни срциња и лепенки. Црвено јајце си е црвено јајце, но шареното во крошната повеќе се цени. Напорот на невестите да ги нашараат јајцата велигденски, веројатно е поголем од оној на кокошката која го снела црвено јајце. Секој со своите маки. За нас пакосните, најдобар начин за фарбање јајца е фарбање со кармин. Али тоа е далеку од духовниот момент на денот и затоа ќе си го каснам јазикот за муабетов.
Денес патриотизам е да ја сакаш партијата која ти дарува директорски места. Не државата поради која си останал сакат во душата и телото. Нека го додаде и ова Џокси во песната и мемораите…

Напиша: Булеварко. Ремиксовано на битолски за наши потреби