Битолчанката Евгенија Дивитарова (18) ученичка во ЕМУЦ Ѓорѓи Наумов денес на Државниот натпревар на Народна Техника во Куманово во областа на автоматиката го освои првото место и златен медал.

Евгенија заедно со нејзиниот ментор Билјанка Христова успеаја да победат во силна конкуренција од натпреварувачи, благодарение на нејзиниот изум – ЦНЦ машина, која сега е со сменета конструкција.

Честитки Евгенија!