Капитенот на Металург, Филип Кузмановски, по победата над Војводина (30-26) ја отвори душата на прес-конференцијата и кажа дека клубот е во тешка финансиска состојба и дека ситуацијата мора да се реши во најбрз можен рок, во спротивно ќе се случи најтемното сценарио – ќе дојде крајот.*

После ова битолчани не замерувајќи во кој клуб сега игра нашиот битолчанец, го поканија да се врати дома во Битола и да си игра за домашните екипи со што ќе не удостои сите нас и ќе помогни во подобрување на целокупната слика за битолскиот ракомет.

Бујрум дома Филип д Грејт! 😊

*текст извор Гол.мк