Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води. Оттука и празнувањето на петокот како посебно тежок ден во неделата. Покрај во Битола големи прослави има во Долно Оризари, с.Брусник, с.Цапари, с.Породин, с.Ивањевци и други…

Нека е на помош и за многу години кај сите…