За да возиш точак во Битола пред се ти треба да си свесен за личните и општествените придобивки од тоа, да не те засега какво е времето затоа што можеш да да ја прилагодиш својата облека за секакво време, и секако, да си храбар, да си бестрашен како каскадер. Токму затоа и оваа Критична маса ја нарековме ние не сме каскадери, затоа што од преземените мерки на терен засега во целиот изминат период гледаме дека досегашните носители на одлуки, градоначалници и др. сите нас не сметаат токму тоа каскадери.