1935834_1515543318755075_7147100715348989126_n

Во минатото Битола, посебно под Османлиите била велеград, кој живеел и се развивал многу брзо. Развитокот донесува различни етникуми во градот, кој се населуваат тука и го збогатуваат самиот град на многу начини.
Со својот развој градот се ширел и се раѓале нови делови ( маала) како што е Влашкото маало, Еврејско маало, Јени маало, Турско маало…. Сите овие делови на градот имаат свои посебни белези.
Едно од најголемите било Јени маало ( ново маало) или онака по Битолски Гинимале.
По наредба на Битолскиот Валија Рустем Бег, и со пренесувањето на Румелискиот Вилает од Софија во Битола во 1820 год , под денешниот мост на Сали почнува изградбата на христијанскиот ( каурскиот) дел градот, кој е наречен Јени мале( Yeni mahaale) = Гинимале каде за потребите на градот се населуваат христијани занаетчии.
Гинимале се состоел од две главни улици денешните Даме Груев и Гоце Делчев, која1797459_1515543505421723_4119877393594383834_n патем излегувала на кај Бела Чешма на крајот на градот и од таму на Дулие ( влезот на Градот),каде што бил ” Караколот”-царскиот аскер каде трговците плаќале данок за да ги внесат своите каравани со стока.
Гинимале со населувањето на занаетчиите и средната класа христијани станува на некој начин град во самиот град.
Има две “сред села” горно и долно, свои бакали, ( продавници) неколку чешми, месарница и две фурни.
Тоа биле Фурната на Марко ( на денешна улица Гоце Делчев 34) и Фурната на Пецо Данчо ( на денешна улица Даме Груев 75)
Од сите безриѓани ( трговци, бизнисмени) најдолго опстојуваа фурните како место каде локалното население доаѓаше не само да купува леб, туку како место за дружење каде постарите жени а и младите невести ги носеле своите тепсии со јадења да бидат зготвени, каде домаќините ги носле јагнињата и прасината да бидат печени за Велигден и Божиќ.. Место каде стари и млади се дружеа и си прикажуваа чекајќи да си ги земат тепсиите и ќуповите..
Фурните за жал сега повеќе ги нема, забот на времето пополека го подјаде сјајот на Гинимале.
Фурната на Пецо Данчо се затвори пред едно 35 години за после 5 години и Фурнаџијата Марко го изгасни огнот во печката за леб и ги спушти старите дрвени кепенци.
Мирисот на топло печениот леб, кифли и симити повеќе не се осеќа по Гинималските улици, остана изгравиран во сеќавањата, како што останаа запамтени и имињата на видни Гинималци низ децениите, сеќавањата за Данаил Бакалот, Фурнаџијата Марко, Пецо Данчо, Мечевци, ба7496_1515543315421742_6177768030366682109_nфчанџиите Ќорвезировци,убавата Ратка прочуената лична Гинималка,Танас Самарџијата..
Гинималските сокаци и ден денес кријат интересни приказни за една Битола бабам Битола најубавиот град на Балканот…