РК Пелистер вечерва и официјално ги отвори вратите на клупските канцеларии .

Заедно со новите амбиции за следната сезона, новото раководство на РК Пелистер одлучи да ги дотера канцелариите на клубот, кои долги години беа во лоша состојба. Буквално се сè менува од корен, а посебен шмек ќе дадат фотографиите од сите ракометари и тренери кои биле дел од битолската приказна, од неговото постоење, па се до денеска.

Челниците на клубот дефинитивно сакаат да свртат ново поглавје, па вратите на канцелариите ќе бидат отворени за сите добронамерници, кои го сакаат ракометот, а најмногу за верните навивачи „Чкембари“ и сите љубители на ракометот во градот под Пелистер . Во продолжение погледнете ја фотогалеријата од свеченото отварање и кој се беше на коктелот.

Извор РК Пелистер