“Вчера, недела. Сончев и топол ден. Со моето семејство се упатив на пикник на “Коњарка”! Сите го знаеме. Таму се одржа културно лето (или нешто така) на Општина Новаци – знам, видов, познав по ѓубрето што го оставија зад себе дел од присутните на тој настан. И таму заради тоа – РАЗОЧАРУВАЊЕ!

Како можев да им го расипам денот на мојата фамилија која со месеци ме чекаше некаде да ги однесам и да бидеме заедно!?!

Меѓутоа како светла точка се појави еден вљубен пар кој на прв поглед ги забележав како ги обзеде истото чувство на РАЗОЧАРУВАЊЕ како мене. Ама дечките – АКЦИЈАШИ! Сами се организираа и почнаа да чистат. Нејсе, исчистија а јас не можев а да не се вклучам. Им пријдов и се запознав со нив. Вакви луѓе даваат надеж за едно подобро утре. Пресреќни бевме. Станавме едно поголемо семејство. Се дружевме цел ден. (еј, замислете, ЃУБРЕТО НЕ ЗБЛИЖИ).

Во неформалното дружење се договоривме да направиме еден мал проект за свеста кај луѓето, за чистотата на Коњарка. Тоа ќе го откријаме дополнително!
Дечки, фала шо постоите! Ми го разубавивте денот! Александар Канзуровски и Александра Филиповска. “

Николче Цуцле и Данче Ѓероски