На фејсбук страната Битола Стари Фотографии битолчани со голема заинтересираност се потсетија на некогашните најлонски пакувања од млекото и јогуртот на Битолска Млекара,во кои во 90тите години од минатиот век бил пакуван нашиот најпознат бренд.
Со овие фотографии битолчани се вратија во детството и барем на кратко си ги вратија сеќавањата од тогашниот “најубав јогурт” во црвена амбалажа,од најубавото и највкусно свежо млеко кое одма послем варењето имало дури “еден прст” кајмак.
Низ коментари беа и нивните сеќавања за станувањето во раните утрински саати и чекањето во долги редици доколку некој сакал да купи млеко,замрзнувањето во фрижидер,повторното користење на познатите најлончина за пакување за замрзната храна,овошје,зимница и сл.
Тогаш за купени две млека следувал и јогурт гратис…

Битола Стари Фотографии

image