Битолчани мераклии,
битолчани, еј, ергени,
на убави моми, бели,црвени,
на убави моми, бели, црвени.

Еј, битолчани, почекајте,
по убави моми, памет губите.

image

Битолчани мераклии,
битолчани, еј ергени,
по убаво вино, вино црвено,
по убаво вино, вино црвено.

Еј, битолчани, почекајте,
од убаво вино, памет губите.

Битолчани, мераклии,
битолчани,еј ергени,
да одиме Тумбе кафе,
таму има вино и моми убави.

Рујно вино ќе пиеме,
рујно вино ќе пиеме,
лични моми ќе љубиме,
лични моми ќе љубиме.