Битола и битолчани ги потресе убиството на триесет и шестгодишниот битолчанец Дејан Димитровски викан Виали кој е убиен во неговиот дом во Перт, западна Австралија. Австралиските медиуми јавуваат дека полицијата се уште трага по убијците кои најверојатно со калашников го убиле испукувајќи 30 куршуми во неговото тело. Како што пренесуваат австралиските медиуми, Димитровски е од познато битолско семејство кое во Битола го поседуваа брендот 54ка, видео клуб и кафе бар. Истиот беше познат по неговиот обид за убиство на други двајца битолчани, тука во Битола, при што замина во бегство далеку во Австралија. Од семејството е позната и неговата сестра Наталија која во 2012 година ја поли со бензин и ја запали австралијанката Дана Вулин, за која се сомневала дека му е швалерка на нејзиниот сопруг, по што беше осудена на 17 години затвор

.Дејан Димитровски Виали

Убиството на битолчанецот Џон Гашовски (16.6.2014)

…чие безживотно тело беше пронајдено во националниот парк Илавара близу Болонгонг, Австралија, е дело на професионален убиец кој зад себе не оставил никакви физички траги. – Ги истражуваме сите негови контакти, посебно со неговите најблиски бизнис партнери и сонародници, од кои повеќето имаат големо полициски досие и се познати како членови на криминални групи, велат од сојузната полиција во Сиднеј за тамошните медиуми. Вниманието на полицијата го задржале информациите дека фирмата на Гашовски, ЈСЈ комуникации била ликвидирана во јуни минатата година, а австралиската Комисија за хартии од вредност и инвестиции издала Нота фирмата да биде одјавена и избришана од листата на фирми во Австралија поради долгови. Гашовски имал три деца. Во изминатиот период, само неговата сопруга Џеки била вработена, а според полицијата семејството живеело одлично, не побарало финансиска помош од државата, па дури купило и нова кола. Овие информации за финансиската стабилност на Гашовски, како и неговите врски со криминалците, биле клучна алка во полициската истрага. Според полицијата, можно е Гашовски да имал бизнис релација со наркомафијата со потекло од Македонија. Македонецот Џон Гашовски е пронајден мртов на планински пат во џунглата покрај Џамберо, Австралија. Според информациите кои ги пласираат австралиските медиуми, Гашовски, со неколку куршуми, бил застрелан во главата.

Сашо Ристевски од Битола, бодибилдинг тренер (30 Сеп 2011)

… застрелан со пиштол во домот на неговите родители во австралиското гратче Илавара, кај Вулонгонг. Според истрагата на локалната полиција во куќата им упаднале тројца непознати кои неколку минути пред да го застрелаат се конфронтирале со македонскиот државјанин. Инцидентот се случил пред родителите кои исто така учествувале во караницата, но не ги препознале напаѓачите. Потрагата е започната, а полицијата испрашува сведоци. Веста ја пренесуваат медиумите во Сиднеј, но никој нема поконкретни информации што е причина за насилството. Официјално известување до Министерството за надворешни нема. Македонската амбасада или конзулатот не се информирани за инцидентот и за текот на истрагата. Единствено за настанот знаат во заедницата на Македонците – Убиството на Сашо следува три дена по нападот врз Зорана Лебедик на Флорида. И таа настрада од куршум испукан од пиштол од страна на маскирани и вооружени. Сомнителни за полицијата се двајца Афроамериканци …

Панде Турунџиев(38)

Братот на пејачката Турунџиева најден мртов во Канада (26.12.2001)

…по двомесечно изчезнување е пронајден братот на познатата поп-пејачка Сузана Туринџиева во сабота на пладне. Тој е најден мртов 15 километри од својот дом меѓу градовите Кембрич и Кичинер во Канада. По исчезнатиот триесет и осумгодишен Панде Турунџиев канадската полиција безуспешно трагала речиси два месеца и истиот бил пронајден изгладнет, оставен на карпа и со скршена карлица. Битолчани го паметат како мирен, почитуван и скромен човек кој во Битола имаше своја авто школа и ги обучуваше за полагање на возачка дозвола со своето југо, сина боја. Замина Канада кон крајот на 90тите…

Од нас сите нека почиваат во мир…

Вестите се од архивите на интернет и моментално сите заедно сме многу “сиромашни” бидејќи повеќе ги нема архивите на дневник, вест и утрински од каде можеше да се црпат уште повеќе информации…