Изгубен е ротвајлер. Се одзива на името Џони. Кој ќе го најди нека бега од него!
Чувам женски деца од 19 до 24 години. 
Млад битолчанец, на привремена работа во Ирак, добро ситуиран бара некој видовит човек за да му го претскажи живото. Тој самиот ќе знае каде да се јави.
Успешна битолска фирма бара програмер со компјутерски познавања.
Маја од Битола со пропорци 90-60-90 бара Дедо Мраз по можност од Дубаи со убави подароци.
Програмер сака да запознае девојка, во предвид доаѓа и  хакирана верзија.
Менувам 19 годишен варбург за чупе на иста возраст.
Се продава венчаница! Носена е само еднаш во св.Димитрија и во Општина, по грешка.
Млада битолчанка со убаво тело, забавна, паметна, добра, ги сака децата, не пуши, не пие… Бара некој да и ги залепи плочките во купатилото…
Почитувани комшифки, Ве молиме фаќајте љубовници од Бајро, веќе нема каде да се паркира!
Продавам Лада Самара на делови од Битола до Скопје.
Продавам или менувам автомобил за помал, поради заминување во странство. Прашање: Шо ќе ти е помал ако одиш странство, да не го клаваш в куфер?
Продавам хрчаци, цена поволна.

Прашање: Колку пари килото?
Загинат е Ретривер кај Симбол. Следува награда од 5000 денари.

Прашање: Дали можи друго куче за 1000 денари?
Млад дечко, 30 години, здрав, нормален, не пуши и не пие. Пегла, дипли, чисти, прај ручек и оди на пазар. Не женет и без работа. Ова не е оглас само си ги кажвам маките.
Барам работа, поарно да не ја најдам.