Кога некој пушта појас и сака да се спори, во Битола се вели „Ти не го чепкаш- шанкуре, сам се чепка. Скратената форма само „Шанкуре!“ има значење и на нечие омаловажување. 
И Шанкуре е историска личност од периодот меѓу двете светски војни, бил еден од бројните бездомници со посебни потреби, кои често служеле и за разбивање на монотонијата на градот, посебно на чаршијата и со кои биле поврзани и други случки и изрази како „Мише прр…“, „Муса кради јајца“, „Шабан мајка“, „Васето улото“ итн. 

Името му било Ташку, бил раздразлив што давало повод за задевање и за колективна смеа. Најмногу експлодирал на најболната дразба „Шанкуре без куре“. 


Еднаш, сакајќи да дознаат како ќе реагира доколку го остават колективно без дразба, дуќанџиите од чаршијата, и мајстори, и калфи, го игнорирале, преправајќи се дека воопшто не го забележувате. Шанкуре прокрстарил по вообичаената чаршиска рута, не сфаќајќи ја новата ситуација. Се вратил назад пак исто. Пак исто и по трет пат по првичниот пат. Не можејќи да издржи, експлодирал со “В уста да не го имате тоо шо не треба да го имате!” и се роди говорниот израз што живее сѐ уште… 

Александар Стерјовски “Калеидоскоп”