Со полагање на свежо свеќе пред бистите на Коле Канински и Јосиф Христовски Ѕвончарот пред Апелациониот суд во Битола, денес битолските адвокати го одбележаа Денот на Македонската адвокатура.

По повод Денот на Македонската адвокатура битолските адвокати одржаа и свечена седница во Основниот суд во Битола на која што се дискутираше за традициите, историскиот развој на адвокатурата како и за новите предизвици.

По завршувањето на свечената седница битолските адвокати положија и свежо цвеќе на гробот на првиот министер за правда на Македонија, д-р Павел Шатев, иницијатор за основање на Адвокатската комора на Македонија.