Престојот на Пелистер од секогаш преставувал вистинско задоволство. Меѓутоа да останете таму повеќе години и вашето работно место да е баш таму е најубавото нешто што можи да му се случи на некој. Еден од тие среќници кои многу време поминаа на Пелистер е Мирко Костовски, кој долги години беше домочувар на планинарскиот дом „Копанки“.

Мирко Костовски

На почетокот му било здодевно, но со тек на време поздодевно му било во Битола, раскажувал Костовски, човекот чие работно место се наоѓаше на надморска височина од 1.610 метри.

Пелистер и Солунска глава биле два македонски планински врва кои во тоа време влегоа во трансферзалата на Југославија со што Планинарскиот сојуз на СФРЈ го зголеми бројот на југословенските планини кои им се нудат на љубителите на планината во целиот свет. Оттука се промени и се зголеми интересот на планинаpитe за Пелистер.

Со изградбата на жичарницата Бегова Чешма -Копанки се отвориле поголеми можности за посета на Копанки и од страна на оние кои не можеа да дојдат таму. Во домот „Копанки“ имало 90 легла и таму можеше да се ноќева за многу ефтини цени. Членови на Планинарскиот сојуз плаќале симболична цена, а другите малку поскапа.

Престојот горе на „Копанки“ бил мошне пријатен. На гостите им се нудеше чај, сок, а бесплатно имаа на располагање и садови за готвење. Во годините наназад се сеќаваат кога над 150 души дошле наеднаш. Од Загреб 87, од Штип 45, од Бачка Топола 10… Доаѓале од сите страни. Најповеќе имало странци од Чехословачка.

Кога се правеше интервјуто со домарот Мирко Костовски во осумдесетите години, тој на својата глава имаше бела и висока капа на која имало преку осумдесет разновидни значки, сите со мотиви од планинарството. Секоја била од посета на некој планински врв.

Мирко бил и пасиониран планинар, голем љубител на планината, човек кој сакал да им угоди на бројните пости кои доаѓале во овој планинарски дом на Пелистер. Сега има 80-тина години, пензионер и ужива во неговата пензија, додека неговата позната капа со сите значки задоволно ја носат неговите внуци кои им е гордост што имаат ваков дедо.

Голема благодарност и поздрав до Горан Костовски

Извор Битолски весник од 80-тите