И нашата Битола меѓу седумте града од Македонија кои ќе добијат лизгалиште. За реализација на Проектот за изнајмување на седум монтажни спортски лизгалишта Владата ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да ги обезбеди потребните средства за реализација на проектот во висина од 14.000.000,00 денари, во рамките на сопствениот Буџет за 2019 година.

Со оваа одлука им е наложено на Општината да избери и предложи до Агенцијата за млади и спорт локација како и да обезбеди одобрение за поставување на урбана опрема, односно монтирање на лизгалиште, најдоцна до 1 ноември 2019 година.

Извор ТУКА