Битола која ми остана длабоко во срцето. Имаше простор за сите, немаше многу возила и бучава по улиците. Зеленило имаше во изобилство на сите страни, нови градби кои блескаа со нивната импозантност и убавина. Сегашните паркинзи беа нашата слобода на движење. Штета шо нема повеќе боја на фотографиите, но можете да си го замислите.

Градот беше наш, на граѓаните. Се чувствувавме слободни.

Сѐ беше така. Така и ми остана врежано длабоко во срцето. Мојот град… мојата Битола.

Фотографии испратени од Милан Поповски