Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ секој понеделник заедно со вас и стари фотографии од Битола во минатото. Големите дружби и веселби, другарувањето помеѓу планинарите засекогаш се овековечени во колекциите со стари фотографии, фотографии кои раскажуваат вистински приказни и кои немаат цена…

На следната фотографија е едно големо планинарско оро фотографирано на Големо Езеро во 1960 г. во близина на тогашниот планинарски дом кој во 70-тите изгоре во голем пожар. Фотографиите се вистинска реткост и сопственост на ПСК Пелистер зачувани благодарение на битолчанецот Петар Нолев и група ентузијасти.