Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ и оваа Нова 2018 година продолжуваме заедно со вас и Битола во минатото. Новогодинешните забави во Офицерскиот Дом во Битола беа белег за едно убаво и безгрижно време, време кога сите беа исти и уживаа во благодетите на животот. Фотографијата датира од 1958 година и е испратена од Ташковски Стефан фотографирана точно на 01.01.1958 г. за време на Новогодишната забава во Офицерски. Да се надеваме дека оваа година Офицерски конечно ќе си ја врати својата убавина и ќе биди репрезентативен објект кој ќе ја краси нашата Битола…