Македонскиот претставник во групната фаза на ЕХФ Купот, битолски Еурофарм Работник денес ги пушти во продажба билетите за првиот домашен натпревар од Б групата на ЕХФ Купот против Татабања, в недела на 17 февруари во 19:00 часот.

Билетите ќе се продаваат на три продажни места во Битола: Тобако Вагабонд – Brother tobacco (Широк Сокак), Тобако Снеки нова (градско шеталиште) и Тобако All in one (новиот пазар) по цена од 150 денари, љубителите на ракометот ќе можат да го купат својот билет.

Скоро сигурно битолската спортска сала „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последното место за дебито пред домашната публика во групната фаза.