Над Битола, преку еднo благо ритче, под гранките на Пелистер, некогаш се наоѓало селото Смолево, со црквата Св. Атанас, која била изградена на 11 Октомври 1859 година од страна на Калина Јосиф Скантели за време на пелагонискиот владика Бенедикт од Византиската империја.

Денес  по 158 години, нема ниту една куќа од селото Смолево. Црквата исчезнала комплетно за време на Првата светска војна. На натписот на новоизградениот храм стои: “Овој храм  на Св. Атанас беше уништен за време на војната од 1915-18 година го реновира Аспазија Скантели од Битола под администрација на битолскиот епископ Јосиф. ”

Како црква таа не ни беше ни осветена и заради тоа немаше служба. Се наоѓаше на поседот на битолскиот лекар др. Никола Скантели а ја подигнаа неговата мајка и тетка. После Првата светска војна со дозвола на црквените власти тој ја реновира и ги купи сите работи за да може таа да функционира. На денот на св.Атанас црквата ја освети епископ г.др. Николај Велимирович со асистенција на архиерејскиот намесник протоереј Драгомир Милошевич и многу други свештени лица ѓакони и јеромонаси.

По осветувањето на црквата се одржала литургија каде присуствуваа многу граѓани кои беа дојдени и од градот и селата, говорејки дека црквите ги подигнува народот, подвлекувајќи дека аристократите се препознаваат по нивните добри дела а не по нивната скапоцена облека. Беше пофалена иницијативата на младиот битолски лекар др.Никола Скантели, по што започна народна забава. На свештените лица им беше приготвен свечен ручек во вилата на Скантели која се наоѓала непосредно во близина на црквата. По церемонијата г.др.Николај заминаа со своите коњи за кои рекоа дека во природа се оди природно, со коњи, а не со автомобили со кои се заборавала природата.

Извор весник Време од ’30тите

Фото Гордана А. Михајловска на која јавно ѝ благодариме!