Викендот кој измина, повторно беше обележан со веќе добро прочуениот настан за битолчани – Градска Седенка.

Тимот на Хотел Епинал, го исполни ветеното и повторно ги изненади нашите сограѓани со организирањето на втората седенка.

Шефот на кујната одново и одново изненадува со декорирање на уникатни порции, Винаријата Бовин по втор пат се јави како покровител на настанот, додека пак атмосферата ја зачини музиката отсвирена од Група Деспина.

Организаторите се погрижија сето тоа да изгледа како на сликите, со поголемо внимание кон битолчаните – боеми и љубители на добрата храна и вино, па истите ги изненадија со мал поклон, нешто кое ќе остане да се прераскажува.

Останува да видиме со што се уште може да не изненадат од Хотелот Епинал и Градската Кафена….

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here