Кристиан Стојани роден 18.04.1998 г. живее на ул.Мирка Гинова во Битола и е редовен студент на ФИКТ-Битола.

“Со атлетика почнав да се занимавам пред 2 години сосема случајно. Тренирам во АК Олимп и мој тренер е Демир Даутовски (бивш атлетичар) . Воглавно тренирам во градскиот парк, патеките низ Тумбе кафе и патот кон Бистрица. Претходната сезона успеав да влезам во Мак Атлетска репрезентација како младинец и имав настап надвор од земјава под боите на македонското знаме. Сум учествувал на многу трки од кои ке ги издвојам Охридскиот Маратон 2015, Скопски полумаратон 2016/17, Трчаме кон целта 2016 (освоено трето место) , меморијални трки и трки организирани од Атлетска Федерација на Македонија кои се одржуваат во Скопје на стадионот Филип II .. но најмногу сум горд на денешниот настап на Скопски Маратон каде што трчав на 5 км и освоив 2-ро место со резултат од 17:42 и заостанување за само 4 сек зад првопласираниот. За Скопски Маратон се спремам континуирано од самиот старт на сезоната така што задоволен сум од остварениот пласман. На трката имаше рекорден број на учесници +10.000. Жално е што во Битола одзивот и заинтересираноста за атлетиката е на најниско ниво. Зад мојот грб е само силната волја да се надминам себеси и да ги дигнам столбовите на темелите кои што ги поставил мојот тренер, немам никакви спонзори ниту пак Општина Битола ми излегла во пресрет. Се надевам дека денешниот настап ќе допри до нив така што со финансирање на клубот би помогнале во изнајмување на соблекувална и плаќање на патни трошоци како и купување на опрема. Ова е отворен повик до сите кои што се заинтересирани за тренирање во клубот да се јават на тел број 075 533 026.”- завршува Кристиан

Од нас голема поддршка Кристиан. Дај боже да добиете поголема поддршка и од нашата општина и заедно да остварувате поголеми успеси. Само напред!

Leave a Reply