Од детален значај е исходот на дербито на дното во 22. коло а ПМФЛ помеѓу Пелистер и Скопје в недела под „Тумбе кафе“ во Битола. Двете екипи знаат дека бодовите се драгоцени и ако победа во секој нормален натпревар носи три бода, во ова соочување вреди шест бода.

Пелистер е единствен тим против кој Скопје има позитивен скор по есенските два дуели, во кои освои четири бода и не прими гол од победникот на Купот. Екипата на Марковски, иако играше дефанзивно во првиот битолски натпревар против екипата водена од Захариевски, откина значаен бод.

Токму победата од 1-0 со голот на Десниќ на крајот од октомври минатата година е единствен триумф за екипата од Автокоманда оваа сезона. Ланскиот шампион во ВМФЛ освои еден бод против Ренова пред една недела, а претходно не го одигра дуелот со Силекс во Кратово. Пелистер со новиот тренер Секуловски со четири бода ги исполни целите во првиот месец од пролетниот дел на ПМФЛ.

Последни шест натпревари:

29.07.2017 – Скопје – Пелистер 1-0
10.09.2017 – Пелистер – Скопје 0-0
14.05.2016 – Пелистер – Скопје 1-0
05.03.2016 – Пелистер – Скопје 0-2
04.10.2015 – Скопје – Пелистер 0-1
12.06.2013 – Пелистер – Скопје 1-0

Извор и повеќе на Гол.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here