Невообичаено топол бран викендов на почетокот од следната недела ќе го зафати нашиот дел од Европа. Во Македонија температурите очекуваме да се искачат дури до околу 17 °C и тоа претежно на југоистокот, уште потопло ќе биде во соседна Албанија и Грција каде температурите очекуваме да се искачат дури и над 20 °C.

Поради силното јужно и југозападно струење од Сахара кон нашата држава се очекува голема количина од прашина и песок.

Во текот на следните неколку денови температурите на воздухот ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината, односно истите ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу 10 степени.

Сето ова ќе услови значително топење на снежната покривка како на ниските, така и на повисоките и планинските места во државата. Ќе има голем пораст на нивоата на реките и на езерата во државата.

Времето и за Битола и битолско ќе биде умерено до значително облачно,ќе има услови и за слаби локани врнежи од дожд, ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Подготви: Славчо Попоски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here