Old Bitola

Хотелот Шарк (Босна) од крајот на 19ти и почетокот на 20ти век.Во некои пишувања е споменат како градба на Керим Паша,нешто кое за сега немаме точни податоци или извори за да можиме да го потврдиме.На сликите ќе го препознаете по петте балкуни од десната страна.Познат бил по својот црвен салон,пердината и килимите,во почетокот на 20ти век преименуван во хотел Босна.Негови газди од некои непознати луѓе од с.Маловишта,до браќата Перо и Ташку Чомо,па Никифор Јефтиќ,Горчу Куртовски.Имал голема главна сала и сепаре за 200 души*.Гостувале од врвни уметници,оркестри до најреномирани танчарки и танчарски групи.Во собите за друштво можеле да се изнајмат и “чупина”.Изгоре во пожар далечната 1936 г.Сега на тоа место се наоѓаат кружните клупи пред Домот на Културата.
Убаво би било и голема наша желба е некогаш во догледно време истиот тој да се возобнови со што ќе му се врати еден историски дел на Широк Сокак од нашата Битола,бабам Битола…

*извадок од истражување на Димитар Димитровски Такец во неговата книга Перформансите на Широк Сокак

фото непознат извор

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here