Велат дека секоја куќа си има своја приказна.Некоја тажна,некоја весела,за секоја различна.Така и оваа.Уште една приказна од најградскиот град во Македонија кој со неговата големина, раскош и убавина сеуште седи како слободен уметник “несфатен” од сите,чека една симболична помош за да може да преживее и продолжи со живот понатаму.Град кој чека да се разубави и да си го врати сјајот од Конзулскиот период…
А таму на некогашната  улица Маршал Тито или сегашниот Широк Сокак бр.130 се наоѓа една прекрасна и стара битолска куќа високо издигната меѓу последните куќи на тој дел. Некогаш на времето никако не смеело да има било што таму изградено,бидејќи во близина биле Турските касарни (последен остаток од нив е сегашниот музеј на град Битола),џанам што си е сигурно-си е сигурно,за секој случај.
Во свежи и убави весело разиграни бои со нејзината грандиозна големина го краси најдолниот и најмирен дел од нашиот Широк Сокак.Поминувајќи покрај неа ни дава впечаток како да поминуваме покрај некоја европска куќа во Виена,Прага,Рим…..

image

Куќата попозната меѓу нас битолчани како куќата на Хололчеви…
Изградена во почетокот на 20ти век во типичен неокласичен стил,со еден поголем и еден помал железен балкон над него,

image

прозорци прекриени со специфични дрвени кепенци,стил кој отсекогаш му давал душа и живот на една градба градена од камен и тула,голема и пространа…
Во нејзината внатрешност имало уште една куќа со три соби и голем двор каде живееле други луѓе,кои најчесто биле нивни кираџии.
Сопственици на куќата беа Христо и Катерина Хололчеви.Тие биле прекрасни и добри луѓе,една типична битолска градска фамилија.Имале само еден син Крум кој беше професор инжинер на Архитектонскиот факултет во Скопје.Крум бил оженет со жена од познатата фамилија на др.Бакалина со која за жал немале потомство.Многу солидно и хумано семејство кое било пример за тој дел од градот.Крум бил многу ценет и почитуван и како професор.На самата куќа има посвета и голема благодарност поставена од студентите од Скопје.Куќата има и свој дел од Македонската историја.Во неа за време на Втората Светска војна бил одржан таен состанок каде бил избран нов месен комитет меѓу кој бил и Крум Хололчев додека за секретар бил избран големиот Стив Наумов,послем што продолжија секој со своите назначени револуционерни активности.
Сега оваа куќа добила нови газди и комплетно се реновира задржувајќи го својот автентичен изглед кој е заштитен со закон.Ги чекаме новите свежи бои за да ја преставиме со уште поубави фотографии,а вие со вашите надополнувања слободно разубавете ја приказната…за некогашната стара битолска куќа…за куќата каде некогаш живееле големите Хололчеви…од нашата Битола,бабам Битола.

image

2 коментари

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here