Во срцето на Широк Сокак откаршија големиот Епинал се наоѓа една преубава куќа,сама и оделена од ситe.Распослана со нејзината убавина воедно и мистерија,во тој убав стар европски неокласичен стил.Затскриена од надворешните погледи на туѓинците со старите и убави дрвени кепенци на прозорите и понекоја Давидова звезда искована на нејзината железна ограда,кои и покрај неколку годишното владеење на Нацистите и Бугарите останаа на оградата,нешто кое сигурно ако беше забележано до темел ќе беше рушена целата градба…
…Куќата на фамилија Ароести или куќата на сегашната дива,
Еврејската Шакира,
Сара Ароести (Sarah Aroeste)…..
Еврејската Шакира Сара Ароести (1976) е ладино музичар од Менхетен, со еврејско потекло од Македонија. Таа застанува во првите редови на современата ладино музичка преродба, а нејзината музика често е нарекувана како „феминистички ладино рок.“
Сара израснува во Принстон, Њу Џерси. Нејзините семејни корени можат да се следат во Битола,од каде била нејзината мајка и Солун,каде постоела голема еврејска колонија која речиси била целосно уништена во Холокаустот.
Во почетокот на XX век, дел од нејзиното семејство емигрира од Македонија во САД. Семејството Ароести, кое припаѓа на сефардската група Евреи доселена на Балканот од Иберскиот Полустров кон крајот на XV век, живеело во Битола. Еврејските доселеници во Македонија лесно го научиле јазикот на своите нови соседи и брзо се интегрирале во тогашниот општестевно-политички систем. Меѓу себе Евреите со потекло од Шпанија зборувале ладино или јудео-шпански.
По Првата Светска Војна околу 150 еврејски семејства од Битола се доселуваат во Солун, каде постои добро организирана сафардска општина. Меѓу доселените се наоѓа и семејството Ароести. Во спомен на родното место тие ја изградиле синагогата “Ел Кал де Лос Монастирлис” во 1928 година. Главен донатор за изградбата на една од најубавите синагоги во Солун, било семејството Ароести.
Тој бил единствениот еврејски храм во Солун кој во Втората Светска Војна останал неоштетен, но бил потполно ограбен. Германците однеле се` што било вредно, вклучувајќи ја и богатата библиотека. Во оваа синагога и денес активно се одржуваат служби за членовите на Битолската еврејска заедница.
Нејзиниот најголем копнеж бил таа да си дојде повторно “дома”. Да си го види својот дом за кој и кажувала нејзината мајка од фамилијата Ароести,да го осети мирисот на расцутените јаболкници во нејзиниот двор од каде во предвечерието на Втората светска војна нејзиното семејство мораше да направи брзо бегство.
“Она што го видов од куќата беше модерно кафе каде ги нема сите траги на поранешниот живот на моето семејство. Изгледаше толку туѓо за мене. Но на крајот, јас знам дека дома не е физичкиот простор.Тоа е сепак нашиот дом заедно со нашите спомени”
-кажува Сара на нејзиниот блог…

Во нејзината песна “Чика Морена”, главниот лик, со помош на сеќавања и спомени на семејството, го наоѓа патот назад дома.
“Можеби сите ние, како и јас еден ден ќе си го најдиме повторно својот дом и ќе се вратиме назад” е најголемата желба на Сара Ароести,музичката дива,Еврејската Шакира со потекло од Битола,која многу сакала да го посети нашиот град и да направи еден голем концерт заедно со сите нас Битолчани…нешто кое можеби некогаш и ќе и се оствари..

 IMG_1336