Карактеристиките и одликите на старата битолска куќа

Фолклорните објекти во Старото градско јадро на Битола како и објектите кои се наоѓаат спорадично расфрлани надвор од него,се одликуваат со разнообразие на форми и богатство на детали.Во конструктивна смисла основна карактеристика кај овој тип на куќи е бондручната конструкција на катот и камените ѕидови,со или без појасни греди,во приземјето.
Карактеристиката на старата битолска куќа ја сочинуваат два или дури три еркерни испусти.Изгледот на фасадите на овие објекти е нагласен со длабоки стреи,бројни прозорски отвори поставени во низ и дрвени елементи од второстепената пластика кои ја делат фасадната површина во складен однос на масите и отворите.
Посебна одлика на овие објекти е функционалниот распоред на просториите.Деталите во ентериерот:дрвените таваници (едноставни или орнаментално декорирани,вградени долапи,вратите,дрвените скали и огради(пармаци) како и други елементи декоративно обработени во дрво создаваат посебен амбиент.Старата битолска куќа која била наменета за богатиот граѓански сталеж е израз на големата рафинираност.

wp-1463050011769.jpeg

 

image

 

Репрезентативен објект на стара битолска куќа на ул.Ленинова 57 во близина на Градската библиотека

 

Текст,слики и голема благодарност до Викторија Момева Алтипармакова

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here