Денешниот ден 1ви Септември беше роденден на големиот битолчанец Димитар Димитровски Такецо. Такецо е таткото на битолската едновековна приказна за Битола,книгата со 700 страни и повеќе “Перформансите на Широк Сокак”.

Да му изразиме мала почит со неколку факти за него пренесени од неговата ќерка Гордана Такец,на која вечно ќе им бидеме благодарни :

1.Такецот беше страствен пливач кој го обожаваше Канео и знаеше да плива многу саати во водата.Негови техники беа краул и пеперутка.Пливаше толку далеку се дури како точка да се гледа во водата. Обожаваше вода, сонце и плажа.

2.Тој е човекот кој капејнците на реката Драгор  ги нарече Бриони. Му наликуваја на Бриони,одморалиштето на Јадранот.

3.Многу го сакаше животот и неговата желба да се живее го одржа сите години во живот.

4. Беше многу педантен човек кој не излегуваше од својот дом додека не се искапи.Најповеќе носеше бела облека и сакаше секогаш да биде испеглан а јаките од кошулите штиркани.

5.Беше голем естета и перфекционист. Дома сакаше средено,чисто,наместено,се под конец. И имаше среќа бидејќи и неговата жена беше таква,домаќинка.

6. Неговата жена цел нејзин живот му го посвети баш него,на големиот Такец,кој на крајот, ја гледаше и негуваше со огромно внимание, давајќи се од себе баш тогаш кога таа беше тешко болна,до последниот здив.

7.Беше многу посветен татко кој никогаш не ги удрил своите деца.Татко кој и покрај многуте обврски секогаш имал време за нив.

8. Во младоста пушел цигари и луле понекогаш.И секогаш излегувал на балкунот само да не прави чад во неговиот дом.

9.Летото 2014 се сретнаа со Игор Џамбазов во печатницата Графопром каде му ја подари “Перформансите”. Игор му се заблагодари и поклони со зборовите “Браво мајсторе” по што го покани во Слепче на гости,нешто кое не го оствари бидејќи почина.

10.Имаше право на боречка пензија која никогаш не ја побара бидејќи беше многу скромен човек.

Остави големи дела со кои вечно ќе биде меѓу нас.Со почит кон него за неговиот роденден.Ви благодариме

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here