mde


И Паца била една од лесно ментално заостанати девојки од градот меѓу двете светски војни. Живеела во долниот дел на денешната ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“. Беше си вообразила дека од некого е сакана, дека таа врска ќе доведе и до брак. Во меѓувреме тој заминал на печалба во САД, па, ете прилика за битолчани да ја проверуваат за нејзините контакти со него и за неговото враќање. Кога ќе паднело прашање за „колетите“, одговарала дека идат, но ги грабаат во поштата, а за доаѓањето дека наскоро ќе пристигне. Знаејќи ја вистината, битолчани додале израз дека „Ќе дojдu со на Паца бpодo!“ односно никогаш. Изразов се употребува и денес во ситуации кога се сака да се каже дека нештата нема да се случат како што се најавува. 

Извадок од новата книга “Калеидоскоп” на професор Александар Стерјовски. 

Уште едно ремек дело од серијалот Битолско десетокнижие. Шеста по ред пребогата со многу интересни и до сега малку обработени теми од битолската постара историја. Вклучувајќи ги приказните за првиот имарет во Битола, Безистенот, Сараите, првите хотели и аптеки во Битола, првиот рендген апарат, првиот грамофон и прв доминантен крст над Битола. Разно разни податоци за Битола во 17-ти век, лебните печива, ахчилници и мезеџии, кафе и кафеани. Повеќе од 380 страни кои се пребогати со пишувања за обичаите и верувањата во Битола, доаѓањето на Европската мода и карневалите…
Оваа книга од страна на проф.А.Стерјовски ни е подарена и заедно со неговата лична посвета добивме и дозвола за објавување на сите делови од неа. 

Книгата “Калеидоскоп” заедно со целокупното “Битолско десетокнижие” се помогнати од почесниот Конзул на Р.Србија во Р.Македонија м-р Силјан Мицевски на кого јавно му благодариме за неговата подршка.

Ви благодариме проф. Стерјовски за богатството кое ни го оставате…

2 коментари

  1. Почитувани, каде би можела да ја набавам оваа и другите книги на проф. А. Стерјовски?

    Моите се битолчани, јас детството го поминав во Битола и Магарево и едноставно морам да ги имам книгите.

    Мојата 85 годишна мајка, Нада Скерлев, родена Николовска и во Битола, во Скопје ги прошета сите книжарници но не успеа да ја најде книгата.

    Благодарам,

    Жанета Скерлев

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here