НА КАМЕН МОСТ ПАК СТОЈАМ САМ
ТАЖНО ОБВИЕН ВО СРАМ,

ЗА ПРОШКА ГРАДУ ЈАС ТЕ МОЛАМ

И ВО ДУША ЗА ТЕБЕ БОЛАМ.
ГЛЕДАМ КАКО КУРДЕЛЕС РЕКА ТЕЧЕ

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА

И СИТЕ МОИ СПОМЕНИ ГИ ВЛЕЧЕ.

УПОРНО ВО СОН СЕ МАЧАМ

НА ПАРМАЦИ ТВОИ ДА СЕ КАЧАМ.
О БОЖЕ ДАЛИ ЌЕ МОЖЕ?

БАР ЗА КРАТКО СОНОТ ДА Е ЈАВЕ?

ТУЃИНАТА ДА Е СОНОТ МОЈ

А ЈАС ДА СУМ ВО ГРАДОТ СВОЈ.

О ДАЛИ НЕКОЈ ЗНАЕ? 

КОЛКУ ДОЛГО СОНОТ ТРАЕ?

ЕЈ БИТОЛА КАДЕ СИ СЕГА?

КОГА МЛАДОСТ БЕГА А СРЦЕ СТЕГА.
ВО СОН СЛУШАМ ЗВУЦИ ЛЕСНИ

ПЛОВАТ ТИВКО НИЗ СОКАЦИ ТЕСНИ,

ПЕСНИ НА СЕФКО И КОЧАНИ

ОТВАРААТ СТАРИ БОЛНИ РАНИ.
О БОЖЕ! ДАЛИ МОЖЕ?

ПРЕД ВЕЧНОСТ ЈАС ДА ИДАМ?

БИТОЛА СВОЈА ДА ЈА ВИДАМ?

О БОЖЕ!, ДАЛИ МОЖЕ?

Николовски Гого, Канбера, Австралија

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here