​Битолските староградски семејства во последниве два века ја создадоа традицијата на градското пулсирање на европските манири и вреднувања. Низ бурните времиња на епохите тие беа јадрото на напредокот и просперитетот на градот жилаво отстојувајќи пред сите премрежиња и нагорнини. Битола затоа е нарекуван најградски град, зашто тие создавајќи го својот имот и растеж ја донесоа и европската традиција. Меѓутоа она што не го направија војните во голема мерка и без осет го направи новото време со уништување на традицијата и одземањето на имотите. Битола е на прво место во Македонија по одземени имоти. Семејството Пешка со европска слаткарска традиција е само еден пример како со неколку потези на власта се уништува европски признатото мајсторство на создателите и како истите се оставени без никаков имот.

Првата слаткарница на фамилија Пешка, во хотелот Босна лоцирана на сам Широк Сокак
Семејни корени 
Една од најпознатите староградски фамилии во Битола е Пешка,кoја заедно со, исто така, познатите Киријас, во градот се доселуваат пред 250 години од подрачјето Koлоња близу Корча во Албанија. Тие биле хармонично семејство, хибрид  од албанско-грчка влашка смеса. Првиот кој зачекорил во Битола и се решил да се исели од Албанија бил пра-прадедото Наку Наку. Тој во Битола почнал да cе занимава со трговија на дрва, станувајќи познат керестеџија. Меѓутоа некаде околу 1850 година семејството паѓа во криза и имотот им е под хипотека,а најинтелигентниот во фамилијата Ѓорги Наку го праќа својот син Коста Наку 1867 година на печалба во Франција.Подоцна тој ќе замине во Пловдив ( Филипопулус).

Тој бил по природа боем и интелектуалец и познавал неколку неколку светски јазици. Во Пловдив го изучил слаткарскиот занает кој претходно го започнал во Париз. Во тој период се вратил и ги платил сите долгови на татко му и ги симнал хипотеките од имотот. Тогаш всушност почнал растот  фамилијата, како угледна,чесна,градска. 

Коста Нака дефинитивно се враќа во Битола од Бугарија во 1880 година и бидејќи се здобил со големо знаење за слаткарскиот занает за прв пат во Битола отвори слаткарница на Широк Сокак со европски имиџ и такво име”Младост и љубов” Првите слатки на Горги Наку, исто така, беа со европски дизајн и квалитет. Во меѓувреме отепан е неговиот најмил брат Стево Наку од Турците а беше македонски комита. Претходно, на сите заседи што му ги правеа Турците тој вешто ги одбегнуваше. па затоа го викаа “Пешка арнаутинот или преносно, недофатлив како риба. Во негова чест Ѓорги Наку презимето го замени со Пешка.

Слаткарница со европски имиџ
Дека слаткарницата имаше европски имиџ може да се наведат барем уште два факти. Ѓорги Пешка (веќе) соработуваше со прочуената слаткарска фамилија од Виена Купер,од која ги земаше рецептите за тортите и марципаните, кои се уште се тајна на фамилијата. Од друга страна, моделите за слатките, беа ексклузивно право на фамилијата Пешка на потегот од Белград до Солун. 
Со таков углед и моќ, големиот слаткарски мајстор Пешка, своите синови ги носеше низ Европа, а секоја година на задолжителни дегустации во Милано, Беч и Париз. Постариот син Михајло го наследи занаетот и стана талентиран слаткар, a најмалиот Петар учеше комерција на француски колеџ.. 
(продолжува)…

Пеце Стефановски “Битолски весник”

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here