wp-1475080161641.jpg

Јени Маале е најстарата христијанска населба во Битола, на источната страна на градот. Населението во Јени маало е познато по фамилијарните прекари: Балтовци, Дивите, Пиздевци, Тотоловци, Чавкаровци, Пајовци, Прзовци, Пајкаровци, Пустовци, Чекутковци, Пачаровци, Кузевци, Деребановци, Деветлепешки, Параманци, 12039453_1471754273133980_475816981567073050_nДеветтантерии, Полежиновци, Мечевци, Грневци и многу други.
Зборот јени (турски : yeni  значи ново) , и (mahaale ) -маало.
Јени Маале било формирано од турската администрација на градот за да ги собере сите христијански семејства кои дошле во градот од други места. Тие по традиција биле занаетчии и бавчанџии. Во Јени Маало од турско време па сe до ден денес постои сретсело . Горното сретсело е во близина на мостот Сали, додека пак долното е во центарот на Јени Маале.12065720_1471754393133968_8933685451287249243_n Јенимаале е симболот на непокорот во Битола.Пред Јенимаале,на местото викано Атпазар е обесен големиот војвода Александар Турунџев со цел на Јенимаалци да му се внеси поголем страв во нивното учество за време на херојските подвизи и востанија. Ние битолчани Јенимале си го викаме Гинимале. Зошто комитите и војводите им “гинеле” на турскиот аскер во нивната потрага по нив, кога тие избезумено ги барале низ сите гинимаалски куќи,низ сите тие тесни сокачина, со кои се поврзани повеќе куќи една до друга. Една порта а повеќе куќи,повеќе куќи уште повеќе излези и лавиринти… Старата архитектура со новите времиња гинималските куќи ја имаат изгубено, останаа само неколку кои се бројат на прсти и не подлегнаа на модерните трендови и предизвици, што од немаштија, што од негрижа и нивна не навремена заштита како дел од нашето културно-историско наследство…

12036820_1471754219800652_2975902692441623411_n 12049457_1471754253133982_347864902182265272_n

 

 

 

 

 

img_20160930_153016.jpg

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here