Во Битолската чаршија на ул.Македонска,во дваесет метри кубни, некогаш се наоѓале многу материјали кои во почетокот на минатиот век ги собирал Коста Догу,слабичок и низок човек.Тој берел се и сешто,почнувајќи од поштенски марки, покани за свадби,комплети на весници, љубовни писма на битолчани, печати, чаршиски тефтери дури берел и некролози…
Местото каде тој престојуваше и живееше, улица Македонска бр.21 во Битола тогаш личеше на историски архив…

Многу од весниците кои ги собирал не можел да купи бидејќи и не работел а од преголема посвета кон збирката и неговата колекција не можел да работи, останал и неженет.

Цел свој живот го посветил на збирка од која дел му била откупена од Поштенскиот музеј Белград, Институтот за печат Белград, Казалишниот музеј Загреб, Битолскиот Историски архив, архивот на РМ и многу други… Покажувајќи ја неговата штедна книшка од 37 тогашни динари со смеа кажувал дека е многу богат човек, бидејќи неговото богатство вредело над 10 милиони динари во тогашните 50ти години од прошлиот век…

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Шеесет и две збирки на Коста имале едно од најстарите поштенски писма дури од 1858 г., листови од најстарите весници МОНАСТИР и НИЕРИХАКИТ кои на турски јазик излегувале во Битола,збирки за Битолскиот фудбал, збирки за тогашните Битолски политичари и криминалци,слики и натписи од бомбардирањето на Австриската војска на Битола во 1917 г. и многу други…

Четирите ѕида на Македонска бр.21 биле пренатрупани и таму немало повеќе празен простор за да се закачи нешто од старите фотографии, уметнички слики, книги, кои ве праќале некаде назад во времето, стари пари, ретки поштенски марки, табакерата на Ататурк, виљушката на Питу Гули, алуминиумскиот сат од илинденецот Коста Дабижа, фотоапаратот со кој се сликале Елпида Караманди и Стив Наумов, влашката белегзија на опеаната Фросина мома, неизмерно богатство кое сега незнаеме каде се наоѓа дали во некој музеј или дом и чека допрвин да биде откриено.

КОСТА (DOGOVICH) ДОГУ доживеал осумдесет годишна старост во Битола…

This slideshow requires JavaScript.


Цртежи на Панде Петров во Битолски весник 1970,71 година
Secret treasure of Kosta Dogu

In Bitola Bazaar of Makedonska street in twenty cubic meters once were many materials early in the last century had collected Costa Dogu, thin and low man.He picked everything, ranging from postage stamps, invitations for weddings, sets newspapers, love letters of Bitola, seals, notepads bazaar and even picked obituaries …

Where he stayed and lived Macedonian street no.21 in Bitola then it looked like a historical archive …
Many of the papers he had collected could not buy because not worked and the excessive dedication to his collection and his collection could not work, and stayed married.
His whole life to the collection part of which was bought by Mail Museum Belgrade, Belgrade Institute Press, Museum Zagreb, Bitola Historical Archives of Macedonia and many others … Demonstrating his passbook from 37 dinars to he recounted that laughter is very rich man because his fortune was worth over 10 million dinars in the then 50th anniversary of last century …
Sixty-two collections of Costa had one of the oldest postal letters even from 1858, leaves of the oldest newspapers and Monastir NIERIHAKIT that Turkish bubbling in Bitola, Bitola football collections, collections of contemporary Bitola politicians and criminals, pictures and inscriptions Austrian army bombing of Bitola in 1917 and many other…
Four walls of Macedonian No.21 were overcrowded and there was no more space to hang anything from old photographs, paintings, books which you sent sometime back in time, old coins, rare stamps, cigarette Ataturk, fork Pitu Guli, aluminum satellite from Costa Dabizha, the camera which wa used by Elpida Karamandi and Stiv Naumov, Vlach bracelet from legendary Frosina girl immensely assets now know where is whether in a museum or home and waiting to be revealed.
COSTA (DOGOVICH) Dogu lived eighty years of age in Bitola …

еден коментар

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here