Со спектакуларен огномет и голем број гости од различни држави низ светот, вљубеници во уметноста беше отворено 36 тото издание на малиот битолски Монмартр.

Оваа година пристигнале 10.000 цртежи од 32 земји. На 36 тото издание  учествуваат 90 гости од 14 земји.

– Пресреќен сум кога ќе ми речат чичко Коста многу те сакаме, ти многу направи за нас сите деца од светот-истакнува Коста Хаџи Антоновски.

На 35-тата по ред беа поместени најквалитетните околу 800-тини ликовни дела од пристигнатите над 10.000 цртежи од минатогодишниот конкурс. Вниманието беше свртено кон делегацијата од Спишка Бела од Словачка. За нивните колекции, веќе трета година по ред ја добиваат престижната Гран при награда.
На свеченото отворање настапија Боемите кои се долгогодишни поддржувачи на овој фестивал.
Во изминатите три половина децении младите ликовни творци создадоа околу 600.000 дела, ликовно богатство за чиј квалитет и квантитет и ентузијазам со задоволство зборуваат и возрасните.
Меѓу стотината деца од 14 земји, за прв пат учествуваат и деца од Израел. На тема стара архитектура во Битола, Охрид и Вевчани ќе творат до 30-ти мај, по што фестивалот со доделување на соодветните награди ќе биде свечено затворен.

Извор Тера ТВ