Димитар Чунговски – Чунга е роден во Битола, 1979 година. Неговите почетоци во фотографијата се поврзани со рачната изработка на аналогна црно-бела фотографија уште на мала возраст, за време на основното образование.

После направената пауза за време на неговите студии, а со доаѓањето на дигиталната технологија, некаде во 2003 година тој продолжува да се занимава со фотографската уметност.

Активно членува во Фото кино клуб Битола од неговото формирање.  Учествувал на повеќе од педесет домашни и меѓународни групни изложби на фотографии каде што има освоено голем број награди и признанија. 

Сабота 22.10.2016 г. 20.00 часот Магаза, Битола

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here