Ракометниот клуб Пелистер во 1986 година стана првиот македонски клуб кој има играно во некое европско натпреварување, играјќи против Атлетико Мадрид. Првиот значаен резултат го имаше во сезоната 1985/86. кога го освои третото место во Првата лига на Југославија. Наредните две сезони биле најуспешни во дотогашната историја на клубот, Пелистер во сезоната 1986/87г. и 1987/88 г. го освои второто место, двапати зад тогашната доминантна Металопластика.

Во сезоната 1987/88 во првото коло игра натпревар против турскиот Eskişehir ETİ Bisküvi кој го добива со 24 -30. Наредното коло игра двомеч со францускиот клуб USAM Nîmes Gard , овој двомеч завршува со победа во Битола од 28 -23 и пораз од 21 -16 па со вкупен резултат 44 -44 но поради повеќе постигнати голови во гости понатаму одат французите. Французите имаа импресивен тим, предводен од Жан-Пол МАРТИНЕТ. Најголеми имиња се: Вуле, Гардент, Медард, Стоклин, Лат,Сарачевиќ, Смајлајќ, Гаудин, Врати, Чагнард и многу други. Тоа беше француски тим за соништа.

Ракометарот во дресот на РК Пелистер е Зоран Зечевиќ,за што му се заблагодаруваме на нашата ракометна легенда Абдула Јусуфовски за помошта.