Ристо Димитров – Чурино на триумфален начин се врати во кафезот по двегодишната пауза. Димитров синоќа славеше со арм бар во првата рунда на Импакт фајт најт во Нашице, Хрватска, против Марко Кнежевиќ од КБК Тигар од Србија.

Првично Чурино требаше да се бори со Михајло Рајиќ.

„Марко Кнежевиќ е млад и надежен спортист со многу професионални борби во бокс и кик бокс, сепак моето искуство и техниката беа пресудни.

Овој турнир по квалитетот на борците беше еден од најдобрите. Одлична организација, добар пречек и добри борби. Имаше 8 борби во К1 и ММА со настап на многу звучни имиња како Даниел Кокора, Лука Шумиќ, Јаман и други“.

Битолскиот борец наведува дека е дел од Јуропијан топ фајтерс менаџемент, предводен од еден од најдобрите менаџери на Балканот, Кристијан Ускоковиќ.

За чувството по двегодишната пауза и за она што следува Чурино вели:

„По пауза од две години се враќам на боречката сцена и тоа со победа. Веќе имам многу други понуди за борби и ќе ме гледате почесто во рингот и кафезот.

Горд сум што на ваков добар и силен интернационален турнир ја претставив мојата земја и мојот клуб, Република Македонија, како и ИГОР ММА и УФЦ ГСМ Оман. Одиме појако“

Ipon.mk