Ретка фотографија испратена од Зоран Виданович на која е претставена стара градба која била веднаш до куќата на некогашниот Руски конзулат, сегашен влез за во паркингот на ОУ Гоце Делчев и Дом на Културата Битола. Објектот сега не постои и најверојатно е рушен со изградбата на новиот театар. Најточната локација е накарши сегашниот штаб на СДСМ.

Старите фотографии се нем сведок за тоа колку и безпотребно замина еден голем дел од нашата стара Битола…

Затоа ни се потребни вашите сведоштва и сеќавања, барем заедно да оставиме нешто во наследство. Доколку имате повеќе информации повелете во коментари или пишете на нашиот маил [email protected].

5 коментари

  1. Куќата е на семејството Стојкови. Таткото се викаше Коле и долго време беше директор во шеќераната, а мајката работеше во поштата. Децата Соња и Кире учеа во Гоце Делчев. После часови редовно одевме кај другарка ми Соња да си играме( таа работи во поштата сега е Кузмановска).Кога се градеше Домот на културата им дадоа место и пари во Недопирливи, на улица 12 кладенци си изградија куќа каде и денес живеат.Дома имаа и баба, мислам дека Каљопи се викаше, права госпоѓа, со другарките нејзини играа бриџ секогаш. Имаа и многу убав црн стар телефон кога тоа беше реткост.

  2. Vo ovaa kuka e rodena mojata baba, sestra na Kaljopa Stojkova.Kukata e na Mijalce i Para Petrovi, koi imale 4 kerki. Edna od niv e Kaljopi koja so sinot i negovoto semejstvo posledna ziveese vo kukata,pred taa da se srusi.

  3. ова е родната куќа на баба ми, која беше една од 4-те керки на Петрови мијалче и Пара.Каљопи е најстарата и таа и нејзиниот син со семејството беа последните станари во куќата.

  4. Kалиопи со сопругот беа во кумство со моите родители…Куќата не беше срушенс и долго пк иџградбата на Театарот.
    Mislam deka Kole me ima krsteno

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here