Реката Курделец или Курделес извира од Баба планина.Денеска на нејзиното старото корито се наоѓа улицата Солунска,според некој податоци тоа е направено во 70 тите години од минатиот век.Беше спој на две реки,едната доаѓаше од с.Лавци покрај Недопирливи,а другата од Ремо и се спојувале некаде кај сегашен сервис Чеде,по кажување на постари битолчани.Течела до ОУ Коле Канински и таму се влевала во Драгорот.
Понекогаш знаела и “многу да збесни” и да ги однеси дрвените мовчина кои биле десетина на број.Името доаѓа од Kurt-dere што значи Волчји Поток.
Уште во Турско за време на големите и студени зими во Битола,волците од Пелистерот во потрага за храна, слегувале по неа долу во градот.

image

image

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here