Битола,Битољ,Манастир,Монастирли…
Град со најповеќе историја во Република Македонија,град со најмногу знаменитости од време на големото Отоманско царство.Град во кој е и познатата принцеза на Балканот Хајдар Кади џамијата..

image

Изградена во 1561-1562 година, со средства од Ајдар бег, како едно големо дело од ремек делата на отоманскиот архитект Мимар Синан, кој бил нарекуван Микеланџело од Блискиот Исток, поради грандиозноста на Сулејмановата џамија во Истанбул и Селимовата џамија во Едрене, кои исто така биле негови дела. Според Евлија Џелебија од XVII  век, оваа џамија се сметала за една од најубаво декорираните во тоа време кога се изградила.По двете светски војни,таа најмногу се запостави и од неа остана само фасадниот дел.

image

Хајдар Кади џамијата е единствена во регионот со отворен трем и според записите, таа имала две минариња. Историјата говори дека таа била реставрирана последен пат во 1890 година и во 1910 година, пред посетата на султанот Решад Vти на Битола.

image

Во овај период е при крај реставрацијата на оваа џамија која е започната во соработка на битолското муфтијство со средства и донации од Турската влада.

image

Овие дена е и за првпат пуштена светлосната илуминација која навистина не остава без здив.
Битола и битолчани со многуте убави знаменитости што ги поседуваме во нашиот град,можиме само од туризам да живееме,а меѓу нив сега ”разубавена” е и нашата некогашна најубава принцеза на балканот Хајдар Кади џамијата од Битола бабам Битола…
Машала !

image

image

Сликите се од Eрчан Одабаши,благодариме
Teşekkür ve saygılarımla !

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here