Фамилијарен портрет од битолската фамилија Лала

Најпознатиот кој потекнувал од големото трговско влашко семејство Лала бил Димитар Лала (роден 1848 г.). Тој бил ученик и капел-мајстор на Рихард Вагнер.

Според биографските податоци во една музичка енциклопедија, тој се школувал во Солун и во Атина и низ европските метрополи Женева, Виена и Минхен.Се смета дека познатите Вагнер и Литц го имаат посетено неговиот дом кој е во близина на градскиот часовник.Ќерката на Литц била и негова втора сопруга.

Портретот е постојана поставка во Музејот на град Битола каде помеѓу него можете да ги видите и другите делови од големото наследство на познатата битолска фамилија кое е откупено од неговата последна наследничка и е тука на дофат за нас битолчани.Им благодариме.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here