ИАЕСТЕ ЛК Битола Ве поканува сите студенти на одбележувањето на Меѓународниот ден на студентите, што го организираат на 16.11.2017 (Четврток) во Малата сала на Центар за култура Битола. Настанот е во соработка со Ротаракт клуб Битола Широк Сокак, поддржан од Центар за Култура Битола и Француската алијанса. По овој повод, ќе се одржат серија од повеќе активности: 
19:00 часот гостувачко предавање на тема “Претприемништвото предизвик за успех кај младите луѓе”. Предавачи ќе бидат Божидар Миленковски и Нешат Аземовски. 
20:00 часот бесплатна филмска проекција на “Маестро”. “Маестро” е француска комедија, во која главниот лик Анри сонува да глуми во ,,Fast & Furious”, но ќе се најде во сосема поинаква улога…