Некаде и некогаш

Поминаа толку години, а јас ете, уште секој ден чекам абер од тебе.

Ако некогаш го добиеш писмово, сети се, види ги солзиве на хартијава…. годините си врват.

Овдека се зборува за тебе.Нешто се случува.

Ако ги читаш овие редови додека љубиш некоја друга жена искини го писмово и прашај ја неа дали верува …дека некоја си Елени Каринте од Битола го парчила цел живот за еден човек со кого била само еден ден.

Ако ја љубиш неа, како што јас те љубам тебе, не и кажувај ништо, нека биде среќна ако си и ти.

Ако пак, уште ја памтиш девојката од Балканот и не љубиш друга, знај те чекам, ќе те чекам секој ден, цел живот……. знам дека ке се вратиш, де…ка не си заборавил.
Татко ми умре.Има веке цела година.Оној ден кога ме грабна од тебе, ме заклучи дома.

Не ме пушти цел месец. Не плачев.Знаев дека џабе ке се сите катанци и затвори.Човекот со кој тој сакаше да се земам го видов само еднаш.Ме праша дали некогаш ке можам да го љубам…му реков:не! Си го љубам првото либе.Повеќе не го видов.

Татко ми никогаш не ми прости.Ни јас нему.Неколку дена пред да умре ме викна кај себе…рече Знам дека згрешив и знам дека нигодаш не бев добар татко . не барам ни да ми простиш, не барај ни ти ! Бог нека ни прости на двајцата.Сакав најдобро , а ти направив најлошо.

Татко ми не беше лош човек!

Не сум веќе млада и убава како тогаш.Цел живот во еден ден.

Вечно те сака и секогаш ке те чека

Твоја Елени Каринте.
Писмото од Елени Каринте до Кемал Ататурк.

Луксузни апартмани Робевски со посебна почит кон Ататурк

Луксузните апартмани Робевски кои се наоѓаат во центарот на градот на сам Широк Сокак имаат свој апартман во чест на Ататурк кој вреди да се посети и да се престојува. За повеќе кликнете на фотографијата…

еден коментар

  1. Синот на Македонка, и син како мајка му, со косата бојата као лан, очи со бојата како небо, никогш не се вљуби повеќе, еднаш го ожениа, но бракот траеше кратко. Единстен Човек со кого пред секоја нова битка за промена, модерзирањето на Турција, беше неговата Мајка.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here