Во спомен на битолските евреи-Никогаш да не се повтори!

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

После Солун, нашата Битолa или Монастир беше најголемиот еврејски центар на Балканот, град каде што тие живееја околу пет века, го сакаа, го градеа и допринесуваа за неговиот развој, слава и убавина… бидејќи таа ги спаси од инквизицијата, ги вдоми и му поддаде рака за нивен просперитет. Нивните фамилии сега се насекаде низ светот и се познати под името “монастирлис”. Историјата наведува дека нивниот број во Битола , на почетокот во ХХ бил околу до 11.000 кога во Битола живееја 60.000. Нивнот број драстично се намалува со балканските војни. Дел од нив останаа со своите сограѓани да делат и добро и лошо сѐ до кобниот 11 Март 1943 г. Затоа Битола има посебно место за нив, а тука се и сеќавањата за нив, кои во неколку продолженија ќе следуваат за сите вас…

На пикник во Сералти (Шералти)

Секој што пораснал во Битола-Монастир пред да избувне Втората светска војна веројатно ги помни пикниците и излетите во летните месеци во рекреативното одморалиште Сералти.

Во тие денови никој не ни замислуваше до какво крвопролевање ќе дојде во
целa Европа.

Ние, децата, не можевме да ги дочекаме деновите на пикници и излети надвор од градот на кои одевме неколкупати за време на летните месеци Сералти, сместено во пазувите на планината Пелистер, ни беше најубавото место на светот не можевме да дочекаме да не одведат родителите таму за распуст, а често ни се придружуваа и други фамилии, ноќта пред да тргнеме, чиниите, ножевите и виљушките, чаршафите за маса, чинијата со смеса од масло и оцет за салатите, сето тоа се распостилаше на големата трпезариска маса.
Ги подготвувавме крпите и сапунот за миење чинии- така беше пред времето на чиниите за една употреба.

Ние, децата, се опремувавме со топки и јажиња што не ги користевте само како јаже за рипање, туку и за правење и нишалка врзувајќи ќебиња помеѓу дрвата, мајките ќе подготват разновидна храна, во која главни беа сите видови на опојно мирисливите бурекас (сефардско јадење, варијанта на бурек), со фил од бело сирење, кашкавал, модар патлиџан и спанаќ. Згора на тоа имаше тврдо варени јајца хаминадос, црни маслинки и
домашно направено сирење лабне (меко кремасто сирење направено од заледен јогурт), колку да се биде насигурно дека има доволно храна.
Бурекас јадевме за појадок, а за ручек обично имаеме пржени ќофтина во доматен сос со ориз, на кои се додаваа полнети пиперки, модри патлиџани и пржена риба. Кошниците беа полни со краставици и домати за салатите што ги правееме на
излетничкото место. Штом се ќе се спакуваше, трпувавме со пајтонот спрегнат на два коња, вообичаеното транспортно средство во тоа време. Пајтонот некако се влечеше по тешкиот “пат кој не беше пат”, опкружен со трнливи и шарени џбунови и летна вегетација.
По два часа ќе се појавеше пред нашите очи кафеџилницата Сералти, каде што ќe се освежевме со ледени и топли напивки. Децата со задовопство помагаа да се растоварат тешкиот товар и торбите, и никој од нас никогаш не се жалеше.
Близу до излетничкото место имаше извор на студена вода што дотекуваше од Пелистер. Во него ги стававме лубениците и тие брзо ќе се изладеа и стануваа чудесно вкусни.
По појадокот пешачевме во околните шуми и си игравме разни игри. Ќе си соберевме слатки малини од трнливите џбунови и камилица за дома,а која секогаш свенуваше на патот до дома. Нашите родители уживаа во пријателските разговори меѓусебно, играа карти и табла. Масата беше секогаш полна со сезонско свежо овошје како кајсии, праски и резанки лубеница, послужени директно од изворот на вода.
На крајот од таквите денови торбите и ковчезите целосно ќe се испразнеа од тешката храна и ние сите уморни, однапред му се радувавме на следниот излетнички ден.

Извадок од книгата “Мишлоах Манот” Гита Калдерон

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here